Се замесува тесто со стасаниот квасец, брашното, зејтинот, солта и шеќерот и се остава да одмори 40 минути.
Од како ќе стаса тестото се дели на 25 топчиња. Секое топче се расукува во мала коричка или на рака се растегнува и се полни со 1 лажичка фил. Коричката се собира во топче и се редат добиените погачки во подмачкан плех да стасаат. Од како ќе стасаат се премачкуваат со сенфот и се печат околу 25 минути на 180 степени.

фил
Кашкавалот се ренда и се меша со семињата.
премаз
Сенфот се разматува со една лажица зејтин
Погачките се превкусни и пробајте да ги направите и да уживате во вкусот

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Без адаптирани дела