Кашкавал-Крекери од 4 состојки
Уште еден мој изум и успешен експеримент на кој сум особено горда поради насмевките на лицата на моите дечиња...а богами и на нас. Превкусни крекери кои се прават од само 4 состојки - пробајте ги.
Подготовката е многу брза и лесна -
1. Во длабок сад го рендаме кашкавалот.
2. Во истиот сад го рендаме и маргаринот (ладен-од фрижидер)
3. Го додаваме и јајцето.
4. Брашното го додаваме на крај (јас употребив точно 200гр) додавајте го постепено, додека не добиете мека и нелеплива смеса.
5. Завиткајте го тестото во стреч фолија, оставете го во фрижидер пола час.
6. На набрашнета работна маса расукајте округла кора, исечете ја на парчиња (јас на 12).
7. Потоа со помош на додатоци за шприц (округла форма-видете додатна слика) направете помали и поголеми дупки ... за да го добиеме изгледот на кашкавал со дупки.
8. Добиените парчиња ги редиме во плех врз хартија за печење.
9. Печеме во загреана рерна на 190 степени до благо поруменување, колку да ја променат бојата.
10. Нека оладат, па можете да ги пробате и за уживате во нивниот вкус.
Забелешка - формата може да биде по ваша желба, со помош на калапчиња вадете форми какви што сакате...јас се решив да бидат во форма на кашкавал со дупки, и на тој начин составот совршено одговара со изгледот.
Кашкавал употребете по ваш вкус, може и да ставите и два вида на кашкавал.
На здравје!
Лиценца: Сите права се задржани
Едноставни а преубави.
Изгледот плени
Се воодушевив.