Превкусни Крекери од 3 состојки
Само од 3 состојки, брзи, лесни, вкусни крекери.....подгответе ги и уживајте во нивното дегустирање.
Подготовка -
- Се гмечи сирењето со вилушка, го додаваме и маргаринот (на собна температура) и замесуваме со рака мазно тесто со додавање на брашното.
- Расукуваме кора во дебелина од 0,5см на работната маса.
- Вадиме форми по желба, ги редиме во плех врз хартија за печење.
- Ги премачкуваме со јајцето и одозгора им ставаме сусам, оригано (по вкус)
- Ги печеме во загреана рерна на 180 степени околу пола час...до заруменување.
Уживајте во нивниот мирис и вкус со чаша јогурт!
Забелешка - од оваа количина мене ми испаднаа 40 парчиња.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови