Превкусни не печени колачи
Овие колачи мора да ги направите, превкусни се.
1. Се вадат прво тркалезни форми од обландата со модла. Се редат на плех со мрсна хартија.
2. Белките и ванила шеќерот се матат со миксер, да дојде како пена. Готово е ако можете да го превртите садот и ништо да не истече.
3. Во тенџере се става шеќер, мед и вода и да се вари на тивко. Ако имате термометар на 117 степени е смесата готова. Ако немате термометар од кога ќе почне да вари нека вари од прилика 10 мин.
4. Се истура смесата врела по малце во садот со белките, исто времено се меса со миксер на најјакото.
5. Од кога ќе се истури се од тенџерето се продолжува да се меша со миксер на најбавното 10 до 15 мин. Да дојде убав крем.
6. Се полни шприц и се шприцаат пирамиди на корите. Се ставаат во фрижидер некој час.
7. Чоколадото се топи со малце путер на пареа. Се макаат колачите со чоколадото и се става на плех со хартија. Се поросуват со кокос или мелени бадеми или може и така само чоколадни.
8. Јас исто направив некои без чоколадо, само ги макав во кокос или бадеми.
9. Се стават пак во фрижидер за убаво да се здрват.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
Јас би испекла тесто за нив, многу се убави, ама така уште повкусни ќе бидат. Откако ги видов, многу ме потсетија дека порано како мала имаше ваков колач по слаткарнициве и се викаше шампаста...отворам на интернет, досега никој не објавил ниту пак има фотографија од такво нешто....баш чудно...