Кафеава торта
Ги матиме јајцата и шеќерот. Потоа се додаваат брашното, оревите, какаото и пецивото. Смесата се меша и се истура во тавче покриено со хартија. Печеме на 150 степени.
Во тенџере на оган се става млекото да врие и кога ќе почне да врие, се додава претходно изматен пудинг со малку млеко и шеќер. Посебно се матат маргаринот и шеќерот во прав, а посебно шлагот.
Кога ќе се излади пудингот ги додаваме во него шлагот, маргаринот со шеќерот во прав и циметот. Се декорира по желба.
Некои состојки може и да не се стават или да се сменат. Не мора да има ореви ( ако немате при рака ), не мора да се става шлаг во филот ниту пак цимет.
Секако со се е повкусно, но може и да се експериментира
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
нели еден пудинг се раствара во 500мл млеко, а тука 4 пудинзи во 1л млеко. нема ли да биде прегусто?
или така треба? :)
isprobano :)