Испечати

Кафеава торта

Кафеава торта

Состојки

  • За пандишпан
  • 3 лажици брашно
  • 8 лажици сечкани ореви
  • 3 лажици какао
  • 1 пециво
  • 8 јајца
  • 8 лажици шеќер
  • За фил
  • 1 килограм млеко
  • 4 пудинзи ванила
  • 12 лажици шеќер
  • 1 шлаг
  • 1 маргарин
  • 5 лажици какао
  • 1 пакетче шеќер во прав
  • 1 цимет

Подготовка

Ги матиме јајцата и шеќерот. Потоа се додаваат брашното, оревите, какаото и пецивото. Смесата се меша и се истура во тавче покриено со хартија. Печеме на 150 степени.
Во тенџере на оган се става млекото да врие и кога ќе почне да врие, се додава претходно изматен пудинг со малку млеко и шеќер. Посебно се матат маргаринот и шеќерот во прав, а посебно шлагот.
Кога ќе се излади пудингот ги додаваме во него шлагот, маргаринот со шеќерот во прав и циметот. Се декорира по желба.
Некои состојки може и да не се стават или да се сменат. Не мора да има ореви ( ако немате при рака ), не мора да се става шлаг во филот ниту пак цимет.
Секако со се е повкусно,  но може и да се експериментира