17
дек
2014
Кафе панакота
Желатинот ставете го во еден мал сад и прелијте го со водата. Оставете го 10 минути да набабри.
Во меѓувреме ставете ги во тенџерче млекото, слатката павлака и шеќерот да се стоплат, но не да вријат. Тргнете ги од огнот па додадете го кафето и промешајте да се растопи. На крај ставете го и набабрениот желатин и пак промешајте.
Смесата поделете ја во чаши или модли и оставете да се олади на собна температура. Потоа преместете ги во фрижидер да се стегнат.
Пред сервирање поминете со тенко ноже по рабовите на панакотата за да ја разделите од чашата и превртете ја на чинија.
Пријатен апетит!
Количеството на кафе може да го зголемите или намалите по желба на консументите. Нам вака најмногу ни одговара.
Лиценца: Сите права се задржани
Го сатвив во омилени!