Карамел колач
Најпрво ги одделуваме белките од јајцето и ги матиме со шеќерот се додава брашното и пецивото. Претходно тавичката се намрсува и се става хартија за печење па оревите и врз оревите се истура смесата да се печи. Од кога ќе се испечи малку тортата оладена се превртува се вади хартијата оревите паѓаат од горната страна.Почнуваме да го приготвуваме филот во тенџере го карамелизираме шеќерот (го топиме на жежок оган) се додава млекото, претходни го матиме пудингот со жолчките да го додаваме во млекото да зоврие и се трга настрана. Кога филот ќе олади му се додава маргаринот матен со миксер и сета смеса се истура врз кората. Покрупни парчиња служиме како торта а помали како колачи. Пробајте многу е вкусно првиот пат ми беше комплицирано но не е така.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
туку, имам едно прашање:
зошто го намрсуваш плхчето, па ставаш масна хартија?
јас никогаш не го намрсувам, само хартија ставам и никогаш не се залепило ништо. дури и тиква печам на хартија, па не морам да мијам после :) :) :) :)
уствари две биле прашањата:
карамелот го правиш со тоа што прво го карамелизираш шеќерот, па го додаваш млекото, како што правиме за карамел млеко или млекото и шеќерот заедно се варат додека не се згуснат и карамелизираат? :)
тенкју :)
pozz