Испечати

Карамел колач

Карамел колач

Состојки

  • Кора
  • 10 белки од јајца
  • 10лаж шеќер
  • 6 лаж брашно
  • 1 пециво
  • 100гр ореви
  • Фил
  • 10 жолчки од јајце
  • 1 пудинк од ванила
  • 20 лаж шеќер
  • 600гр млеко
  • 1 маргарин

Подготовка

Најпрво ги одделуваме белките од јајцето и ги матиме со шеќерот се додава брашното и пецивото. Претходно тавичката се намрсува и се става хартија за печење па оревите и врз оревите се истура смесата да се печи. Од кога ќе се испечи малку тортата оладена се превртува се вади хартијата оревите паѓаат од горната страна.Почнуваме да го приготвуваме филот во тенџере го карамелизираме шеќерот (го топиме на жежок оган) се додава млекото, претходни го матиме пудингот со жолчките да го додаваме во млекото да зоврие и се трга настрана. Кога филот ќе олади му се додава маргаринот матен со миксер и сета смеса се истура врз кората. Покрупни парчиња служиме како торта а помали како колачи. Пробајте многу е вкусно првиот пат ми беше комплицирано но не е така.