Најпрво се подготвува преливот.
Во помал сад се става млекото и во него ставете 2-3 лажици шеќер. Ставете го на оган шеќерот да се растопи и млекото малку да зоврие. Тргнете го и оставете го да се излади.

Во сад се ставаат јајцата и шеќерот се миксираат додека смесата стане пенеста и почне да побелува некаде околу 5-10 мин на најголемата брзина.
Во сместа додајте ги и останатите состојки и измешајте со лажица, убаво измешајте за да нема грутчиња.
На мамрсен и побрашнет плех округли 28 или четвртасти 20х30 см. сипете ја сместа и убаво рамномерно израмнете. Ставете да се пече во загреана рерна. Првите 10 мин. на 200 степени, потоа зголемете ја на 250 степени
Печете додека се испече, пробајте со чепкалка или со благ стисок на раката.
Готова е после 35-45 мин. Зависи од рерната.
Уште топол пандишпанот набоцкајте го со чепкалката насекаде и прелијте го со ладното млеко.
Одозгора посипете со кокос, кокосот му дава прекрасна арома. Оставете го во фрижидер половина час за да се впие убаво млекото или преку ноќ.
Сечете парчиња по желба, штангли, ромбови, коцки....

Колачот има вкус на раванлија. Може да се прави и без какао. Во пандишпанот може малку да се додаде кокос или ореви.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови