Италијански колаченца со пињоли
Загрејте ја рерната на 150 Ц.
На два плеха од шпоретот ставете хартија за печење.
Во еден мал сад со жица измешајте ги брашното, шеќерот, шеќерот во прав и солта. Оставете на страна.
Во средно голем сад раздробете го марципанот со миксерот, па додајте ги малку разматените белки. Мешајте со миксер додека не добиете потполно хомогена смеса на која ќе ги додадете екстрактот бадем и ванилата. Уште еднаш добро измешајте.
Додајте го брашното и матете со миксерот кратко, помалку од половона минута само да се соединат состојките.
Во една мала плитка чинија ставете од пињолите.
Со мала лажичка земајте мали топчиња тесто кои од едната страна ќе ги налепите со пињоли и со таа страна горе ќе ги ставате на хартијата во плехот. Нека бидат на растојание од 2 - 3 цм.
Печете ги во загреаната рерна 20 - 25 мин. сосема малку да заруменат.
Нека се оладат минута - две на плехот, па преместете ги на жица да се оладат до крај.
Посипете ги со шеќер во прав.
Во добро затворена кутија со хартија измегу редовите можат да стојат во фрижидер 2 недели, можат и да се замрзнуваат. Мене ми испаднаа 24 колаченца, со пречник 4-5 цм.
Ова се едни од празничните колачи кои ги направив за нашето традиционално предновогодишно дружење кога си разменуваме колачина.
Ако немате пињоли, може да ги замените со сецкани лупени бадеми.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
Vidi sama kako se falam :))
Vo sabota ke se druzime i ke razmenime praznicni kolacina... Ovie se edni od kolacite koi tamu ke gi nosam :)
Ne e mnogu voobicaen receptot, ke vidime kako ke projde :)