Ова вкусно предјадење според состојките навистина ја претставува Италија на чинија, па така и го доби името.

Листовите пршута ако ви се многу тенки, ставајте по два. Врз нив ставете половина од парче сирење моцарела и лист од свеж босилок. Јас немав свеж, па ставив сушен. Босилокот му дава супер мирис, а ако е свеж и супер вкус, но сушениот е достојна замена.
Се витка во ролат секое парче и се става во тавче, да се пече околу 5 минути во загреана рерна на 180 степени. Односно пршутата не се пече туку доволно е да пушти сол и се да добие чаден вкус.
Печурките се пржат на путер, па им се додава маслиново масло, сечкан магдонос, бибер и сол.
Забелешка
За ова јадење претпочитам вргањ печурка, иако јас готвев со буковка, бидејќи таа ни е често на трпеза, но и секоја вкусна која вие си ја готвите може да дојде во чинија.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани