Чоколадото, маргаринот и шеќерот растопете ги и оставете ги да оладат. Потоа 1 по 1 вмешајте ги жолчката и јајцата, па млекото, прашокот за печење и брашното. Смесата излијте ја во калап 20х30 или кружен од 28 см, предходно намастен и побрашнет.
Изматете ја белката постепено додавајќи го шеќерот и на крај вмешајте го кокосот. Од оваа смеса правете топчиња и редете ги врз чоколадната смеса, при тоа благо потиснувајќи ги.
Печете на 170 степени околу половина час.
(кај мене на слика е малку попечен од нормалното, значи очекувајте си дека вие ќе добиете многу поличен од овој =) )

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови