Интегрални мафинси со овошје
Се матат јајцата и постепено се додава шеќерот.Потоа се додава пецивото и ванилата и се добро се мати.Кога е добро изматено полека додавајте го брашното и ќе добиете густа смеса.Излупете ги јаболките и бананите,и ставете ги во блендер да се добие кашаста смеса па додадете ја во останатото тесто и изматете се заедно.
На страна измијте ги јагодите,црешите и кајсиите и исецкајте ги на ситни парчиња па додадете ги во тестото и измешајте ги со лажица.Исецкајте го чоколадото на коцки и додадете го и него и повторно измешајте со лажица.
Во модла за печење мафинси ставете од калапите за бомбици и наполнете ги но не премногу.
Релната се загрева на 190 С и се печата 30 мин.
По желба може да се смени овошјето и со сушено доколку немате свежо или пак комбинирајте по желба со друг вид на овошје.
Добар апетит
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови