Посни интегрални соленки или крекери кои одлично одат со некој намаз или дип од леблебија, гравче или по желба, ама и самостојно да се грицкаат се убави и вкусни.

1. Сончогледот го мелев на машинка за мелење ореви. Лененото семе го купувам веќе сомелено.
2. Сите состојки ставете ги во еден сад, измешајте ги и со водата замесете тврдо тесто кое потоа ќе го ставите во фрижидер да се одмори ½ час.
3. Земајте парчиња од тестото и развлекувајте ги тенко со оклагија или сукало. Треба да ви бидат навистина тенки ако сакате да добиете крцкави крекери.
4. Вадете форми со калапчиња за колачи, па наредете ги во плех со хартија за печење.
5. Секое крекерче избоцкајте го со вилушка, посолете го и печете ги на 200 степени околу 15 минути или додека да поруменат.

Забелешка
Внимавајте со количеството вода, односно додавајте ја постепено при замесувањето на тестото, можеби ќе ви треба повеќе, а можеби и нема да го потрошите целото количество, зависи од брашното.
Користев интегрално грахам брашно.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани