Интегрален леб со тиквички и пармезан
На крупната страна од рендето ја рендаме тиквичката. Во еден сад ги мешаме прво 2та вида брашно и прашокот за печење. Се додава ренданата тиквичка, пола од количината пармезан и останатите состојки. Добро се измесува и се расплескува во намаснет и набрашнет правоаголен калап. Со намастени раце убаво израмнете го и посипете го тестото со сусам, сончогледови семки, сол и бибер и останатата половина од пармезанот. Печете на 180 степени околу 40-45 мин, односно додека тестото не се подигне и зафати убава крцкава коричка.
Јас не сум била баш љубител на вакви врсти на леб, но за чудо, мене многу ми се допадна. Скептична бев да додавам сол, бидејки мислев со пармезанот да не испадни многу солен, но не, баш напротив... следниот пат за солта ќе го послушам рецептот.
Добар апетит!
Лиценца: Сите права се задржани