Зоркина Маџарска штрудла
Рецепт за кој што не останав рамнодушна. Невозможно добро тесто, а како и нема да е кога е на драгата ми пријателка Зорица за која со право велам дека е Кралица за тесто, вистински велам. Јас сум среќна што ја имам во кругот на моите вистински пријатели, несебично го споделува тоа што го знае и умее, па еве и јас по нејзиниот пат - да го споделам со вас. Проследете ....
- Во 125 мл. млако млеко ставете 1 лажичка шеќер, додадете го квасецот, 1 лажица брашно и оставете да се квасецот активира.
- Во садот во кој ќе месите просејте 650 гр. брашно, додадете ги омекнатите путер и маст, киселата павлака, изренданата кора на лимон или портокал (вие изберете што ќе ставите- јас ставив лимонова кора) , ванилата, шеќерот, солта жолчките, додадете го веќе активираниот квасец и со миксерот или со бркалка измешајте ги сите состојки. Ќе добиете тесто на трошки. Сега додадете го останатото млеко. Почнете да го месите, потребно подолго време да го месите и ќе речам дека е добро измесено кога ќе се појават и меурчиња на тестото додека месите, месев околу 15 мин. Тестото е меко и лепливо на рацете, можете да додадете уште најмногу 50 гр. брашно- повеќе не. Премачкајте го тестото со малку зејтин, покријте и оставете го да го дуплира обемот.
- Стасаното тесто кое веке ќе забележите сами дека е сунгераста структура, истресете го на побрашнета работна површина, поделете го на 4 дела, малку, но не претерано размесете го секој дел. Не го сукајте веднаш нека одмори малку. Сосема лесно побрашнете ја работната површина, земете еден дел од тестото и расукајте кора во правоаголна форма дебелина од околу 1 см. Нанесете 1/4 од филот, замотајте во ролат. Поставете го во плек послан со хартија за печење, така направете со сите останати делови од тесто. Оставете повторно да стасува околу 15-20 мин. Премачкајте со сматена жолчка во која сте додале и 2 лажици млеко. Додека стасува вие вклучете ја рерната да се грее на 175 степени. Ставете да се пече но не оддалечувајте се многу од шпоретот, внимавајте, ако забележите дека веќе почнува да руменее покријте ја со хартија за печење. Печете околу 40-45 мин. Извадете од рерната, оставете во плекот малку да олади, потоа преместете ја на жицата да се лади. Оладена исечете на парчиња, посипете со прав шеќер и - уживајте во прекрасната штрудла.
Фил
- Додека тестото стасува - спремете го филот. Исчистете ги јаболката и исечете на коцки. Во касеролата ставете го путерот да се стопи, додадете го шеќерот- измешајте - додадете ги јаболката и сувото грозје и нека динстаат додека јаболката омекне и течноста испари. Оставете да олади. Во оладен фил додадете цимет.
НАПОМЕНА
- Можете да ставите фил кој вие ќе го сакате... афион, ореви...
- Кога ке ги ставате формираните штрудли во плекот - дозволете да исечете подолга хартија за печење така да при секоја наредна штрудла прво подигнете од хартијата за да ги одделувате една од друга. Јас не ја ни сечев туку само ја поставив и ролната и откако завршив - тогаш и ја пресеков- така е полесно и нема да мислам дали доволно сум отсекла од хартијата.
- Плехот е потребно да е потесен за да оневозможите да штудлите при нараснувањето се шират - напротив - треба да нараснуваат нагоре, а ако имаат простор поголем една од друга... тогаш се мислам дека ке бидат пошироки и со самото тоа ке се пониски самите штрудли - на мене така не ми се допагаат.
- Да кажам дека големиот РОСТЕР тава беше таман за овие штрудли.
- Од ова тесто можете да правите и разни кифли... универзално е,
Лиценца: Сите права се задржани
Hvala ti, malo je ljudi kao što si ti a to već odavno znam.
Daće Bog da se jednom i uživo zagrlimo...pa nije Vinica preko sveta, niti Toronto. Ljubim te i grlim.
jas pravev so slatko od duwi i suvo ovosje