Зинати фаци
Овој рецепт, го посветувам на денот на шегата 1 ви април : )
Додека го затоплувате млекото и водата, ставете го брашното во сад за месење и измешајте го со квасецот, шеќерот и солта. Додадете ги уште маслото, маста и жолчката и со течноста замесете тесто.
Оставете го да се дуплира. Премесете и оставете го уште 15 мин. покриено на топло.
Потоа, поделете го на 10 дела, кои ќе ги формирате во топчиња.
Секое топче, расукајте го во должина и со помош на тапа засечете ги очите, а со нешто поголемо, како на пример чашка за ракија, устата.
Делот кај устата оптегнете го на долу, а можи и на криво малку за да е зинато. Парчињата од очите се ставаат како уши, а од устата како нос.
Пред да ја ставите првата тава, почекајте рерната да се загрее на 200 степени. За тоа време премачкајте ги со белка и направете им коса од семките, па и мустаќи ако имате желба ; )
Печете ги околу 10 мин. одприлика.
Лиценца: Сите права се задржани
Mozam samo da gi zamislam decata koda gi vidoa :)))))
Одлични фацки, браво за креативноста :)
За жал, цела недела еден по еден дома добија гадна настинка со сите пропратни симптоми, па деновиве и не можев така убаво да ве дружам. Вчера априли-ли-ли ни помина со топломерот во раце...