Зелка салатата за зимница е многу вкусна и брзо стасува.
Зелката ситно исечете ја, морковот изрендајте го.
Во голема кофа ставете ја зелката, измешајте со морковот и додајте сол.
Стискајте зелка со рака додека не се појави сок. Количината ќе се намали на половина.
Зелката преместете во големо тенџере или пластично буре, прелијте со сопствениот сок. Одозгора ставете чинија, врз чинија ставете нешто тешко (на пример, тегла со вода)
Ставете во топла просторија на 3 дена. Секој ден со дрвено стапче буцкајте во зелката за да испаднат гасовите. Тоа се прави за зелка да не горчи.
По 3 дена соберете зелка во тегли и чувајте на ладно место. Може во фрижидер.
Кога ви треба кисела зелка салата извадете од тегла таа количина која ви потребна, додајте зејтин, црвен пипер, промешајте и уживајте.
Добар апетит!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани