Во длабок сад го разматуваме квасецот заедно со водата.
Додаваме масло.
Промешуваме.
Брашното го сееме и му додаваме сол и ленено семе, па го додаваме во млаката вода.
Мешаме со рака да се соединат состојките , па потоа убаво замесуваме меко тесто.
Покриваме со крпа и оставаме да отстои 20 минути додека да нарасне тестото.
Кога е веќе дуплирано, го размесуваме и оставаме уште 20 минутки да отстои. Кога после вториот пат тестото е нараснато, го префрламе на набрашнета површина и размесувајки го делиме на топчиња.

(јас го направив топчиња, поради тавчето во кое печев, вие направете според обликот на вашите тави )

Оформените топчиња ги редиме во набрашнета тава и оставаме да стаса околу 10 минути.
Рерната е загреана околу 200 степени и го ставаме лепчето да се пече.
Печеме околу 20 минути, но сега ја намалуваме температурата на 150 и оставаме да се испече убаво во внатрешноста.
Кај мене шпоретот грее многу, па затоа да не ми изгори на површината ставив фолија за печење.
5 минути пред крајот ја вадам фолијата, колку да добие убава кафенкаста боја .
Го вадам тавчето од рерна, попрскувам неколку капки вода и покривам со крпа.
Нека постои 5 минутки а потоа го вадам од тавчето.
Лебчето е меко и вкусно.
Нема многу слики затоа што лебчето не почека да истине кај нас.
На здравје со вкусното, здраво лебче.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови