Чипсот е идеален избор за грицки навечер кога гледате фудбал или уживате во вашата омилена серија, па затоа направете си домашен чипс кој е поздрава верзија и плус е превкусен.

Подготовка

1. Во длабок сад ги ставаме семињата. Додаваме пченкарно брашно - промешуваме. Сега додаваме вода, масло и посолуваме по вкус. Соединуваме со лажица или со рака до хомогенизирање.
2. Добиената смеса ја ставаме помеѓу два листа мрсна хартија и расукуваме што е можно потенко. Така расуканата смеса ја префрламе внимателно врз плехот во кој ќе печеме, а вишокот на хартија го сечеме. Смесата ја сечеме на парчиња.
3. Печеме во загреана рерна на 160 степени (20- на минути). Нека оладат, па послужуваме.

Забелешка - Јас во смесата додадов плус малку лук во прав, вие по желба.

На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани