1
ное
2014
Здрав колач со меласа
Меласата, шеќерот и путерот пенасто изматете ги со миксер.
Едно по едно додавајте ги јајцата матејќи.
Потоа додадете ги по ред и останатите состојки, од кои на крај ќе ги вмешате рачно иситнетите/истолчени ореви, а овошјето ќе го поредите одозгора за да на залепи на дното на тавата во која ќе се печи.
Печете на 180С во загреана рерна.
Лиценца: Сите права се задржани
Колачето е убаво и сочно. Го поделив на 2 дела. Еден дел испеков во мал хартиен куглоф, подарок од наша драга пријателка (поздрав до неа :*) и тој заедно со една тегличка слатко од лубеница ги подарив кога одевме на селска слава, а другиот дел го испеков во најмалата тепсија за нас, да пробаме што подаруваме :))) Мојот заклучок е дека следен пат нема да ставам овошје, ами само со ореви.