Здрав колач со меласа
Состојки
- 240 мл меласа
- 100 гр кафеав шеќер
- 80 гр путер
- 3 јајца
- на врв на лажиче мелено каранфилче
- 1 пециво
- 50 мл јогурт
- 20 мл масло
- 100 гр црно брашно (тип 950)
- 50 гр ореви
- 50 гр кандирано овошје исецкано на коцки
Подготовка
Меласата, шеќерот и путерот пенасто изматете ги со миксер.
Едно по едно додавајте ги јајцата матејќи.
Потоа додадете ги по ред и останатите состојки, од кои на крај ќе ги вмешате рачно иситнетите/истолчени ореви, а овошјето ќе го поредите одозгора за да на залепи на дното на тавата во која ќе се печи.
Печете на 180С во загреана рерна.