
Звездички- бонбони колачи
Колачињата беа предвидени да се испратат во време на Божиќните празници, но ми залутале некаде во купот рецепти.
Убави и вкусни, колачиња со кои можете да уживате додека ги подготвувате.
1. Во путерот додадете го јајцето, медот, шеќерот и брашното, а потоа попрскајте цимет и сода бикербона. Замесете тесто. Ако сакате додадете и ѓумбир во прав. Ако јајцето е поголемо,може да ви оди некој грам повеќе од брашното. Добиената смеса завиткајте ја во фолија и нека постои во фрижидер околу 30 минути.
2. Потоа извадете ја и развлечете кора. Сечете ги звездичките и редете ги на хартија за печење. Во средишниот дел исечете помала звезда и извадете ја да остане празнина. Во празнината ставете по една бонбона.
3. Веднаш ставете да се пече во загреана рерна. Кога од страната ќе се запечат и кога бонбоната ќе се растопи, попрскајте по малку украсни топчиња во разни бои. Оставете да изладат па вадете ги од хартијата. Наполнете си ги кутиите и нека идат празниците.
На здравје
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови