Затворени пици
Најпрво во брашното се прави вдлабнатина и се става квасецот, шеќерот, па се сипува млака вода и се остава некоја минута колку да се активира. Се додава сол, маслиново масло и се замесува тесто со останатиот дел вода.
Се вадат 8 кругови, се сучат па се полнат со филот (рендан кашкавал, шунка, кечап и печурки,) само во средишниот дел, па се преклопува и се притиска со вилушка, или се витка крајниот дел. Се стават во плех обложен со хартија за печење.
Се оставаат пиците на топло место да киснат, па кога се готови, се премачкуваат со едно матено јајце, се наросува сусам и се печат во загреана рерна на 200 степени околу 15 минути.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови