Запеченка
1. Парчињата биено сирење извалкајте ги во брашното и ставете ги да се испржат добро од двете страни во загреаниот зејтин.
2. Потоа им се додаваат подварените пиперки и домати. Пржете колку да подиспари водата од нив. Ако готвите во нелепливи садови нема потреба да ја мешате смесата, но ако готвите во обични садави промешајте од време на време за да не ви загори сирењето. Потрудете се парчињата сирење да ви останат цели.
3. Изматете ги јајцата и во нив додајте вегета, оригано и лук по вкус. Доколку сакате да додадете сол имајте во предвид дека и сирењето е солено. Додајте ги изматените јајца во смесата која веќе се пржи.
Кога ќе се испржат и јајцата тргнете ја тавата од оган и сервирајте.
П.С. Смесата од пиперки и домати веќе ја имам готова. Доматите и пиперките се сецкаат, се подваруваат кратко и се собираат во тегли или пак може да се замрзнат.
А може и да ги наполните во тегли, па да ги варите во нив.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
Инаку горе во состојките фалат уште вегета, оригано,лук и маслинов или обичен зејтин за пржење.Се уште не знам зошто,стандард,недостигаат последните 2 реда состојки.Дури и кога ќе кликнам на измени и ќе ги допишам,не се извршува измената?!
Да не има некој лек за ова?
Свекрва ми на времето кога биле во Полска,нешто слично јаделе таму.Е што било?Запеченка.Така го научив и јас :)