Запеченка
Состојки
- 8 парчиња биено сирење
- 4 јајца
- 8 лажици подварени пиперки и домати или друга летна манџа
Подготовка
1. Парчињата биено сирење извалкајте ги во брашното и ставете ги да се испржат добро од двете страни во загреаниот зејтин.
2. Потоа им се додаваат подварените пиперки и домати. Пржете колку да подиспари водата од нив. Ако готвите во нелепливи садови нема потреба да ја мешате смесата, но ако готвите во обични садави промешајте од време на време за да не ви загори сирењето. Потрудете се парчињата сирење да ви останат цели.
3. Изматете ги јајцата и во нив додајте вегета, оригано и лук по вкус. Доколку сакате да додадете сол имајте во предвид дека и сирењето е солено. Додајте ги изматените јајца во смесата која веќе се пржи.
Кога ќе се испржат и јајцата тргнете ја тавата од оган и сервирајте.
П.С. Смесата од пиперки и домати веќе ја имам готова. Доматите и пиперките се сецкаат, се подваруваат кратко и се собираат во тегли или пак може да се замрзнат.
А може и да ги наполните во тегли, па да ги варите во нив.