Блитвата се мие и се обарува во зовриена вода малку да омекне. Потоа се цеди, се остава да олади и ситно се сецка.
Празот се сецка и се пропржува во маслото неколку минути малку да омекне. Се остава да олади.
Сирењето се гмечи со вилушка.
Во сад со вилушка се матат јајцата и потоа се додава блитвата, празот, сирењето, малку бибер и сол ако е потребно.
Се меша да се изедначи смесата.
Мала тава 20х20 се мачка со путер и се посипува со лебни трошки. Се истура смесата, се подрамнува и се става да се пече во загреана рерна на 200 степени околу 30 минути додека површината се зацврсти.
Печената блитва се служи топла со лепче, јогурт или салата по желба.
Наместо блитва може да ставите и спанаќ, и така е вкусно.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови