Подготовка:

1. Карфиолот се обарува 10на минути во посолена вода, се цеди и се кини на ситни цветчиња.

2. Морковот се ренда, кромитчето и лукчето се сечкаат, а сирењето се дроби. Се додава зачинот и се заедно се меша, па се става во намрсена тава.

3. Посебно, во длабок сад со жица, се матат јајцата со павлака и зачини и со оваа смеса се преливаат зеленчуците. Одозгора се става рендан кашкавал и се печи на 180С додека преливот порумени.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови