Испечати

Запечен карфиол

Запечен карфиол

Состојки

  • 1 мала главица карфиол
  • 1 лажица зеленчукова мешавина за супа
  • 1 поголем морков
  • 4 млади кромидчиња
  • 1-2 млади лукчиња
  • 150 гр сирење
  • 3-4 јајца
  • 400 гр кисела павлака
  • сол, прованса зачин, црн бибер
  • 100на гр кашкавал

Подготовка

Подготовка:

1. Карфиолот се обарува 10на минути во посолена вода, се цеди и се кини на ситни цветчиња.

2. Морковот се ренда, кромитчето и лукчето се сечкаат, а сирењето се дроби. Се додава зачинот и се заедно се меша, па се става во намрсена тава.

3. Посебно, во длабок сад со жица, се матат јајцата со павлака и зачини и со оваа смеса се преливаат зеленчуците. Одозгора се става рендан кашкавал и се печи на 180С додека преливот порумени.