Замок колачиња (Burgländer Plätzchen)
1. Измешајте ги брашното и шеќерот и потоа истријте ги со ладниот путер.
Додадете ги останатите состојки и замесете мазно тесто.
Тестото завиткајте го во фолија и ставете го во фрижидер.
2. Шеќерот во прав иссејте го.
Белките матете ги со миксер. Кога ќе запенат додадете ја солта и откако ќе се направи убав шам постепено во 3,4 наврати дадавајте го шеќерот.
Ставете го шаумот во шприц со мал ѕвездест додаток.
3. Расучете го тестото тенко, некои 2,3 мм и со калапче вадете колачи кои ќе ги редите во обложен плех со пек-хартија.
На секоја ивица од колачето ставете по мало купче шам со шприцот.
4. Печете на 160С околу 15на минути, односно кога на ивиците благо ќе ја сменат бојата.
5. Омекнете го мармаладот малку во микробранова или на пареа. Ставете го во ќеса со отвор и наполнете ја средината на колачите со него.
Убаво е кога ќе се употребат барем две бои на мармалад, да речиме црвена и жолта. И таква ми беше намерата. Започнав со мармалад, т.е. беше џем од јаготки, но тегличето како што беше при крај, ми дојде таман за сите колачи, па да не отворам друго, ги оставив вака. Но, следна прилика секако ќе се пошарени.
Уште една работа...кога ќе ги пробате првиот ден можеби нема да ви изгледаат нешто посебно, но колку стојат овие колачи, секој ден се се поубави и повкусни. Вистинскиот ефект ќе им го сетите по барем 3 дена, кога мармаладот ќе ја усмери својата сочност кон целото колаче.
Хм...прво се мислев, зошто ме прелажа тегличето мармалад да ги наполнам сите. Можеби сега ќе се уништи целуфката од белки на колачето, ќе омекни и ќе се растопи. Но не, а описот е реченицата погоре. Сепак, следен пат ќе оставам неколку за експеримет : )
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови