Еве еден рецепт, лесен за подготовка, а вкусен за јадење.
Во еден сад ги делиме белките од жолчките.
Додаваме шеќер и матиме. Откако ќе се растопи шеќерот го додаваме брашното, пецивото, гризот и мармаладот.
На тавчето ставаме хартија за печење и посолуваме толчени ореви (можете ситно сецкани ореви или со сукалка издробете ги на масата )
Се истура смесата и се става на печење. Се пече на температура од 180 степени околу 15 минути.

Додека се пече пандишпанот, одиме со подготовка на кремот.
Жолчките кои претходно ги отстранивме од белките, ги матиме со шеќерот.
Откако е пенесто изматено, додаваме густин и мешаме убаво.
На оган во сад ставаме да се вжешти млекото.
Кога е доволно топло, ги истураме полека матените жолчки со густинот и мешаме со жица за матење, се додека не се добие бараната густина на кремот.
Тргнуваме од шпоретот па матиме убаво.
Откако е печен пандишпанот, го полеваме со кремот кој што го потготвивме.
Оставаме да се излади и зацврсти кремот.
Потоа кога е ладно, сечеме коцки и врз секоја коцка со шприц за украсување, ставаме по малку врз жолтите коцки.
Вкусни се, пробајте.
На здравје.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови