21
јан
2015
Жирки
Колачи од детството. Колачи кои го будат детето во мене. Секогаш се на трпезата за празници.
Сите состојки се ставаат во вангла и се меси со рака. Нема да се добие меко тесто туку РОНЛИВО тесто. Значи тестото е како трошки. Кога ќе се зема малку од тестото се набива со прстите на лајче и се формира желад. Така се прави со целото тесто. Се печат во загреана рерна од 180С- 15мин. Не смее да потемнат, треба да останат бели. Потоа кога ќе оладат се лепат по 2 со мармалад и се макнуваат во растопено чоколадо и се прпелкаат во мелени ореви.Наздравје!
Лиценца: Сите права се задржани