Дунките измиени, исечкани на крупно се ставаат во водата да се варат 1 саат на тивко. Се тргаат од оган, па се ладат постепено преку ноќ.
Наредно утро се цедат од пулпата (да остане само сок од дуњи), на таа течност се става шеќерот и сокот од лимон. Нека се зоврие на оган па намалуваме температура и се вари 2 саати, додека не почнат на површина меурчиња да се создаваат, а течноста ќе добие темно розе боја. Кога се стави во лажица треба да почне да се ,,желира,, ладејќи се.
Во меѓувреме се ставаат теглички 4 на број од по 250мг. да се вжештат во рерна,така ќе ги стерилизирате - како кај зимницата.
Готово жешко желе, се собира во жешки теглиња, се затвораат и се ставаат во сад со вода полн да ја фаќа половината од теглите, нека зоврие водата со телги во неа и нека вари 10 мин. потоа оставете ја да се самостојно олади во таа вода, тоа ќе одземе повеќе време.

Годинава направив чекор понатаму кај овај рецепт, па во мал сад истурив топло желе (1 тегличка) кога се желира тотално, насеков коцки и ги валкав во кокос или било што ви падне на памет по избор. Вкусот е одличен, миризлив единствено што е премногу благо за мене затоа само мали количини правам искористувам она што преостанало од последните дунки, ништо да не се фрла. Најштосно ми е фактот дека нема никакви додатоци од основното, се е природно.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови