14
авг
2013
Еуро-бисквит ролат
Бисквитите се дробат на крупно, користев од ,,полните-бисквити, бананата се прелива со сок од лимон, сечена на тркалца, се додава измешана смеса од шеќер и јогурт и најпосле полна лажица еурокрем. Се меша се и се става смесата врз фолија за свежо, па се обликува ролат премотувајќи напред-назад да се добие овална форма. Заедно со фолијата оди во замрзнувач, се мрзни, пред служење се вади и декорира.
Јас премачкав еурокрем и посипав сечкани ореви. Служете ја секогаш во замрзната состојба.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови