Еуро крем мафини со полнење од гриз
Вкусни, декоративни мафини.
Прво во мала касерола се ставаат млекото и гризот.
Се става на тивко да се вари и постојано се промешува. Нека се згусни.
Се трга од оган и се додава белиот еуро крем. Нека се излади.
Смесата е одлична дури може и со влажни раце да направите 12 бомбици.
Калап за мафини се обложува со 12 хартиени корпи.
Во вангличка се матат јајцата со шеќерот да станат пенасти, па постепено се додаваат млекото, маслото, какаото, брашно, пециво, сода, еуро кремот.
Сега секоја хартиена корпа се полни до половина со смесата во средината се става по една бомбица од гриз или може со помош на лажиче и се дополнува хартиената корпа со смесата.
Се печат 20 минути на 180 степени.
На здравје
Лиценца: Сите права се задржани