
10
окт
2015
Есенски колачиња
Во еден сад се става брашното, шеќерот, солта, жолчката, ванилиниот шеќер, кората од еден портокал ситно изрендана и 2 лажици сок од портокалот.
Тестото се меси и се остава во фрижидер за 30 минути. Од тестото се сучи кора дебела 5-7 милиметри и со форми за колачиња се сечат бисквити кои што се печат во загреана рерна на 200 степени за 10-15 минути.
Откако бисквитите ќе се оладат се подготвува ајсингот.
Во еден сад се става белката, малку сол и се мати при што постепено се додава шеќерот и лимонот. Со готовиот ајсинг се украсуваат бисквитите.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови