Од сите колачиња од овој тип што ги имам правено, овие ми се највкусни досега.

Подготовка

1. Бадемите, оревите и семките од тиква ги ставаме во тава на загреана рингла. Ги тостираме 5-6 минути со постојано мешање. Ги оставаме да се оладат.
2. Во процесор за храна или блендер ги додаваме урмите и путерот од бадеми. Ги обработуваме додека да добиеме изедначена смеса. Потоа ги додаваме солта, циметот, гоџи берите, бадемите, оревите и семките. Обработуваме додека да се изедначи смесата.
3. Формираме топчиња со големина по желба. Чувајте ги во фрижидер во затворен сад или завиткани во најлонска фолија.

На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани