Експресен десерт
Повеќе како идеја отколку како рецепт.
Предноста е во тоа што нема потреба ништо да подготвувате дома, туку едноставна, набавете се од продавница и преипремете.
Во 2 пакетчиња пенести бомбони има околу 70-ина парчиња. Одберете ги со што поправилна форма и солидна големина.
Набоцкајте ги на украсни стапчиња или чепкалки, зависно од пригодата.
Растопете ја чоколадата, искршете ги бомбоните, подгответе ги кокосот, мелените ореви или било што друго за украсување според вашите желби, идеи, замисли и почнете со работа.
Секое парче посебно ставете го во растопеното чоколадо, наросете му од бомбоните и боцнете го на стиропор.
Откако ќе го потрошите целиот материјал, ставете ги во фрижидер за да се стегнат. Тврдите бомбони добиваат кристален сјај.
Можете да направите најразноразни комбинаторики,затоа јас нема повеќе да одолговлекувам во опишување. Погледнете ги сликите,препуштете се на Вашата фантазија и подетинете за момент.
Пријатна забава!
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
Pred poveke godini, koga gi staviv na masa kako dodatok so drug desert maz mi mi rece: "Ljiljo, ova e biznis vecera, ne zabava za na sin ti drugarcinata od gradinka". Me ubi.... :))))
Хаха,леле можам да замислам,те убил и тоа во поим :))))))
Па јас ги носев на годишно собрание од еден проект во кој учествувам и после настанот имаше коктел забава,ни едно единствено не остана
Иако се супер и за деца од градинка
ГРНГО РУЛЗ!!! :) :) :) :)
Koga te nema da zabavljas, eve, barem povremeno jas :)
ќути барем не се како моите истекнатици...релативно неуспешни :) :) :) :)