Испечати

Експресен десерт

Експресен десерт

Состојки

  • 2 пакувања (300гр) пенести бомбони
  • 100 гр млечно чоколадо
  • 50 гр црно чоколадо
  • 50 гр бело чоколадо
  • 5-6 тврди бомбони во различни бои
  • малку кокос,мелени ореви,лешници и сл.

Подготовка

Повеќе како идеја отколку како рецепт.
Предноста е во тоа што нема потреба ништо да подготвувате дома, туку едноставна, набавете се од продавница и преипремете.

Во 2 пакетчиња пенести бомбони има околу 70-ина парчиња. Одберете ги со што поправилна форма и солидна големина.
Набоцкајте ги на украсни стапчиња или чепкалки, зависно од пригодата.
Растопете ја чоколадата, искршете ги бомбоните, подгответе ги кокосот, мелените ореви или било што друго за украсување според вашите желби, идеи, замисли и почнете со работа.
Секое парче посебно ставете го во растопеното чоколадо, наросете му од бомбоните и боцнете го на стиропор.
Откако ќе го потрошите целиот материјал, ставете ги во фрижидер за да се стегнат. Тврдите бомбони добиваат кристален сјај.

Можете да направите најразноразни комбинаторики,затоа јас нема повеќе да одолговлекувам во опишување. Погледнете ги сликите,препуштете се на Вашата фантазија и подетинете за момент.

Пријатна забава!