19
мај
2014
Едноставни пирошки
1. За палачинките, прво ги матиме јајцата да се дуплираат, па ги мешаме и останатите состојки.
2. Пржиме палачинки малку подебелки од стандардните. Од прилика една кутлача оди за една палачинка (ама и тоа не е меродавно затоа што сите имаме различни кутлачи и тавчиња за печење). Како и да е, направете си палачинки како што си правите вообичаено.
3. Ставете урда (зачинета со бибер, сол, оригано или по желба), свиткајте ги.
4. Валкајте ги прво во јајца, па во презла во која сме ставиле 1 лажица мешан сушен зачин и пржете ги на масло, на умерена температура.
Лиценца: Сите права се задржани