Во загреано масло го пропржуваме ситно сецканото кромидче.
Додаваме сол и пржиме уште малку. Солта го прави кромидчето како кристално и нему дава да прегори.
Потоа го додаваме ренданиот морков, пиперката и ренданите патлиџани.
Откако е убаво испржено и смесата изедначена, ги додаваме парченцата на коцки телешко месо.
Тие ќе ја сменат бојата, ќе поруменат и кога се такви, ги додаваме и компирите.
Пржиме се заедно.
Додаваме зачини и на крајот црвениот пипер.
Додаваме вода, колку да ги покрие компирите и месото.
Оставаме да се вари на тивок оган.
Јас ги варев малку подолго заради телешкото месо.
( Знам дека тоа потешко се вари )
Го пробуваме при варењето и кога е веќе варено месото му додаваме разматено пченкарно брашно.
( 1 лажица пченкарно брашно ја матам со 100 гр вода)
Полека истурам во чорбата и мешам со лажицата да не се згрутчува.
Нека поврие уште 5-6 минути и готово е.
( Пченкарното брашно е убаво да се додава во чорбичките. Здраво е и оние кои имаат киселина после ручекот најдобро е да го конзумираат вака подготвено. )
На здравје

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови