5
апр
2013
Домашни лебни трошки
Лебот најдобро да го исечете на коцки толкави колку што може да ви собере машинчето за мелење или кујнскиот сецко. Исечете коцки и ставете го на рамна површина на провев да се суши 3 дена. Ставете ги коцките во сецкото или машинчето за мелење ореви и смелете ги. Ако машинчето крупно ви ги мели може уште 2-3 пати да ги смелите низ истото. Соберете во најлонче и користете по потреба.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови