15
јан
2016
Домашни крекери со сирење и црвен пипер
1. Во еден сад се ставаат мекиот путер, изренданото сирење, црвениот пипер и останатите зачини. Се се меша убаво да се соедини.
2. На смесата со сирењето се додава брашното и ако е потребно се додава една лажица вода.
3. Тестото се остава во фрижидер за 30 мин да одмори.
4. Готовото тесто се расукува на набрашнета површина се додава сусамот, се притиска малку за да се залепи сусамот и на крајот се сечат крекерите.
5. Се подредуваат во тавичка за печење и се печат на 180 степени за 10-15 минути.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови