Домашни крекери со сирење и црвен пипер
Состојки
- 2 големи лажици путер
- 100 гр. сирење
- 1 чаша брашно
- 1 голема лажица вода
- 1 мала лажица црвен пипер
- Додатоци по желба
- 1/4 мала лажица црн бибер
- 1/4 мала лажица сува мајчина душичка
- 1/4 мала лажица оригано
- 2-3 големи лажици сусам
Подготовка
1. Во еден сад се ставаат мекиот путер, изренданото сирење, црвениот пипер и останатите зачини. Се се меша убаво да се соедини.
2. На смесата со сирењето се додава брашното и ако е потребно се додава една лажица вода.
3. Тестото се остава во фрижидер за 30 мин да одмори.
4. Готовото тесто се расукува на набрашнета површина се додава сусамот, се притиска малку за да се залепи сусамот и на крајот се сечат крекерите.
5. Се подредуваат во тавичка за печење и се печат на 180 степени за 10-15 минути.