Домашна урда од кисело млеко
Се зачудив кога сфатив дека моиве другарки појма немаат како се прави урда и дека не им се допадна начинот на кој што се прави =))
Урдата се прави до расипано млеко. Се остава да се расипе (или ако се расипало, да не се фрли) и се вари. Штом малку проврие, не мора долго, се тргна на страна и се прецедува низ цедалка прекриена со газа.
Нема потреба долго да врие, бидејки сите бактерии се уништуваат на температура од 63 степени (пастеризација), па така, штом проврие, тргнете го слободно тенџерето од оган и не се секирајте за бактериите.
Толку за основната урда.
Е сега за урдата од кисело млеко. Прв пат ја пробавме кај нас во село. Има убав кислеомлекаст вкус, малку покремава е и многу интересна.
Млекото кое ќе го користите не мора да биде варено, бидејки ќе се вари подоцна за да се добие удра. Залудно губење време ќе биде два пати да го варите.
Киселото млеко изматете го убаво. Во садот во кој што ќе го варите млекото ставете го млекото и киселото млеко заедно. Измешајте ги да се соединат, прекријте ги со капак или крпа и оставете ги 24 часа да се скисели целата количина на млеко. Ќе се појават партали и/или меури на површината.
Со додавање на киселото млеко се забрзува процесот на скиселување (баш како за правење кисело млеко)
Измешајте, ставете на оган да се вари и штом проврие веднаш тргнете го.
Оставете го да се олади и оладено процедете го низ цедалка прекриена со газа. Оставете го 2-3 часа да се исцеди убаво. Цедењето зависи од вашиот вкус и количината на млеко што сте ја користеле. Доколку е поголема количина, побавно ќе се цеди.
Ние урдата ја сакаме покремава, па не ја цедиме долго. Ако сакате посува, оставете ја да се цеди подолго (може и цела вечер).
Се цеди оладена за да остане ровка. Ако е топла може да се спои како сирење во една целина (калап)
Ние овој периот правиме поголеми количини урда. Урдата која што ја смрзнуваме ја ставам, во кесиња за замрзнување, не ги полнам до горе, туку само 300-400гр. Ќе ги врзам кесињата и ги сплескувам како листови. Така тенки полесни се за одмрзнување или сечење парчиња по потреба.
За да не лутате, еве и РЕЦЕПТ ЗА ДОМАШНО КИСЕЛО МЛЕКО да ви се најде.
Лиценца: Сите права се задржани
mnogu ti fala za receptot
samo ovde vo italia ne se naoga kiselo mleko i ke treba da cekam do naredno dovaganje vo mk
оваа е малку поинтересна на вкус, поразлична :)
фала ви на сите за дружбата :*