Убава брза пица, единствено нешто изменето е тавчето, овој пат го користев тавчето за тарт на Делимано. Пицата е брзинска за ненајавени гости, а тоа во наше Куманово се вика не дозволују ништа да ме изненади брзински си га обелу образ.
Со состојките калкулирав истото направете го и вие кечап не користев ставив домашен сос од домати.Јас ќе си ја пишам мојата подготовка, а вие одлучете што ќе одземете и додадете.
Морам да напишам нешто кратко за тестото кое беше исклучително крцкаво што ми направи посебен мерак. Подготовката оди вака…

Просејте го брашното на средина ставете го активираниот квасец (стандардна постапка квасецот промешајте го со лажичка брашно и малку млако млеко оставете да надојде). Додадете ги двете лажици зејтин малку сол и замесете со киселата вода.
Кога ќе стаса се дели на два дела и повторно се остава на работната маса петнаесетина минути да подстаса. Од секоја топка формирате пица сакате со прсти сакате со оклагија по ваша желба.Врз секоја пица ставете од доматното пире,изрендајте шунка,кашкавал,ситно сецкани маслинки и пиперка,младо кромидче и неколку кругови тенко сечен чаен колбас.На средина на секоја пица скршите по едно јајце.Ептен фраерка излегов со пициве секогаш барем кај мене се случува тоа што е набрзина подготвено излегува преубаво за разлика на она што му се тресам. Пиците печете ги кратко на 250 степени околу десетина минути.

На здравје!!!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани