ХА!
Сега уште индијанки и тулумби да почнам да правам и чао аморе им правам на слаткарницине =))

Се прави лесно, ама тешко е чекањето да исферментира и да реже. Тоа наша боза го нема дочекано =))

Дозава е бајаги голема и ние првиот пат ја оплескавме бидејки немаме толку големо тенџере. Вториот пат ја правевме третина помалку. Вие можете да пробате со половина доза.

Се става брашното во тенџерето и се пече на суво. Пожелно е да се меша постојано за да не загори, бидејки бозата после ќе горчи.
Кога брашното ќе добие златеста боја и ќе замириса на печено (бозесто), се додава водата и се вари со постојано мешање. Ако ви се направат грутчиња, стај те му се со миксерот, не му ја мислете многу многу =))
Кога убаво ќе се измеша брашното, додадете го шеќерот.
Нам не ни беше доволно блага со 2 чаши шеќер, ама со 2,5 е супер. Ќе пробате при подготовка, па додадете по вкус.

Штом проврие, оставете ја 5-6 мин да врие и мешајте. Тргнете ја на страна да се олади и на оладено ставете ја бозата за маја. Убаво промешајте.
Бозата за маја (потквас) се става на оладена смеса, за да не се уништат убавите бактериичиња што прават бозата да реже. Количината е пишана колку што ние ја ставивме, но нема да погрешите ако на половина доза ставите цела чаша боза за потквас.
Доколку приготвувате со свеж квасец, кавсецот ставето го шољичка со воа и едно лажиче шеќер, да стасува додека ја правите бозата. Треба да се направи пена. И овој квасец како и чашата боза се става на оладена смеса од истите причини, да не се уништат убавите бакетерии.
Вака приготвената смеса се остава на собна температура барем ден два за да ферментира. Кај нас ни тоа не го дочека =))

Ние бозата ја правевме со пченично купечко брашно, најобично. Една моја другарка ја правеше со пченкарно и вели супер била.
Кај и да е деновиве ќе има и наше пченично интегрално на воденица мелено и веднаш ќе го пробаме и со такво.
Велат дека може да се прави боза со кое било брашно, немало многу разлика. Ај баш ќе видиме.

И сега хуз д мен, ха? =))

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани