Дворот ни е полн со џанки. Ги гледам и ги чекам да созреат како дете што чека сладолед. Лани прв пат го правевме сокот. Екстремо лесен за правење, а богами и екстремно убав за пиење.

Количината на сливи џанки зависи од вас. Шеќерот е пишан со толку голем распон бидејки лани на 10 кг сливи само 1 кг шеќер ставивме. Годинава од прилика исто толку испадна. Се додава шеќер по вкус и во зависност од тоа колку се благи самите сливи. Не се секирајте, не можете да згрешите. Кога ќе се раствара со водичка пред пиење, ако не сте ставиле доволно шеќер, ќе ставите повеќе сок, помалку вода.

Ајде краток опис.
Во големо тенџере на оган се варат сливите додека не се пред распаѓање. Се варат само измиени, не се чистат од семките. Побрзо ќе бидат готови ако ги правите на ќумбе како ајвар.
Од како ќе се сварат, се зема еден поголем сад за цедење на сокото од сварените сливи (може и кофа). Над садот се ставаат пресата на сликата (ја има на бит пазар), се сипаат варенита сливи, се гмечат и сокот истекува низ дупчињата, а семките остануваат во пресата.
Кога ќе се заврши со целата доза, процедениот сок се враќа во големото тенџере на огин и повторно се вари. При второто варење се додава прво 1 кг шеќер и убаво се размешува да се растопи. Се зашеќерува по вкус. Зависи од благоста на сливите.
Не се додава ни лимонтус, нику каков било друг конзерванс.
Во вака процеден сок остануваат мали парталчиња, нам не ни сметаат, напротив ги сакаме. Но ако вам ви сметат пред да го сипете сокото во големото тенџере пак да се вари, процедете го.

Е сега, следи СУПЕРСКА ФИНТИЦА.
Нам ни ја кажаа лани, ја пробавме и за мене друга финтица веќе не постои!
СОКОТ МОЖЕ ВРЕЛ ДА СЕ ПАКУВА ВО ПЛАСТИЧИ ШИШИЊА, а шишињата да не се згужваат и убаво да се вакумираат!
ОУ ЈЕС!
Не лажам. НАвистински може =))

Како што кажав, ако немате сткалени, можете слободно во пластични шишиња да го спакувате.
Ќе земете една кофа и ќе ја наполните со ладна вода до горе. Во кофата ќе го ставите празното пластично шише, ќе ставите инка и ќе сипате од сокот. Од како ќе го наполните шишето, го затварате и го ставате на страна завиткано во ќебе или фротирка полека да се лади.
Водата во кофата не дозволува шишето да се згужва од топлината, а постепеното ладење убаво го вакумира и може да стои....ЗАСЕКОГАШ.

Ние го обожаваме сокот. Младунче се дави во него. Не сака вода да пие, ама сокот го ништи за час. Не се мислам дали да му дадам на 8 месечно бебе ваков сок. Поздрав не може да се најде.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови