Одделете ги белките од жолчките.
Во садот каде што се белките ставете прстофат сол и миксирајте. Кога ќе се добие мек снег, додавајте лажица по лажица од шеќерот и матете додека се добие цврст снег (не многу) од белки.
Додавајте една по една жолчка.
Кога сето тоа е изматено во друг сад ставете ја слатката павлака и изматете ја кремасто како за шлаг не треба многу да е цврсто.
Јагодите измијте ги и извадете ги од зелениот дел.
Исечкајте ги на половинки и испасирајте ги со рачен миксер или блендер, процедете ги низ густа цедилка во слатката павлака.
Соедините со миксер, измешајте ги изматените јајца со слатката павлака.
Целата смеса ставете ја во пластично кутивче и оставете во фижидер 4-5 часа, најдобро преку ноќ.
Пред служење извадете го и оставете малку да се отпушти за да вадите со лажицата за сладолед.

- Ако не користите живи јајца може жолчките да ги сварите на пареа со шеќерот, а белките само да ги изматите со солта.

- Може да користите повеќе јагоди или друго овошје, може да додадете и некој екстракт кој ќе одговара.

- Ако користите засладена слатка павлака може да го намалите шеќерот и да го прилагодите по вкус. Ч)

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови